ѓаволштина (ж.)
Во главата веќе го копкаше нова ѓаволија.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Морам да го најдам центарот на светот, и себеси да се поставам во него, за да не паѓам; во циркусот за мене веќе нема место, од пред некој месец, кога ја изгубив моќта да правам секакви вратоломни ѓаволштини.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сепак, неговите цимери, секогаш готови и расположени да смислат шега за сметка на неговата наивност во познатите недостатоци, попрестанаа со своите ѓаволштини откако видоа дека тој им е корисен кога треба да им помогне или да им покаже нешто во учењето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Поспаните, кои порано ги совлада сонот, беа жртви на ѓаволштините на будните речиси до самите зори, кога и наставниците како и персоналот на хотелот можеа конечно да здивнат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За што друго можеше да му треба тоа дрво ако не за некаква ѓаволштина што му светнала во главата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)