ѓавол (м.)

Влезен е ѓаволот во луѓето, што се вели, а ,ѓаволот откај газот влегува, а од уста излегува", велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
О, секако, заборавив дека осамена жена е полоша од ѓавол.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Доследно стоиш пред земскиот бог го следиш твојот неприкосновен идол идол кој уништи иљадници животи и сѐ повеќе наликува на ѓавол
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Нихилизмот е во секоја пора нѐ фрлаат во апатичното буниште ѓаволот е ебано восхитен постепено од совеста ни колве
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се гледаха тие дјаволи како да се прејале и како да се пиани. И скакаха и играха како механџии кога се пиани и зборат гнасни речи и зборови.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Но ѓавола, побргу би ти спикал некој камен в уста отколку да ти даде нешто!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секој ден повторно проштеваме, за пеколот во кој се наоѓаме, го вртиме и другиот образ, со нашата труд и мака, ѓаволот го гоштеваме.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Ангели тропнаа на вратата, ти отвори и ѓаволот влезе, те измами, те прелага и рака за рака замина со него...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И ѓаволот од главата им слегувал во нозете...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам на тоа како светот оди по ѓаволите, мирно се лизга во белиот пекол на рамнодушноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нашиот очај само го куражи ѓаволот и непријателот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ѓавол да го земе и лисјево што ни шушти под нозете, зашто чичко Петре стопати налутено ни рече да внимаваме и кроце да газиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но кога ги погледнав колегите у моето опкружување од парламентот си поставив прашање дали е ова масло на Бог или па Ѓаолот ме донел тука.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Бесконечноста на мигови е конечност конечноста - бесконечност кругот на Ѓаволот е составен дел на секојдневието. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Кој ли ѓавол ѝ влегол во главата?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа знае дека треба да оди по ѓаволите
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се крстел јавајќи на несигурна гранка и ги гледал како што можел светец од височина да гледа куп ѓаволи со крмначки опаши.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе