ѓоа прил.
ѓоамити прил.

ѓоа (прил.)

На времето седевме вака заедно на балконот во родниот дом. Дење зјапавме во минувачките на улицата и како постар ѓоа те подучував како се ловат убавици како пеперутки во везден фрлените машки љубовни мрежи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ѓоа не знаат дека дождот е сеќавање на времињата кога имало сонце.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ѓоа не забележуваме дека ѕвездите ни се топат во очите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Новите лесноумни петпари не даваат За старите поговорки Тие секоја гунгула ја нарекуваат креативност Потем така наречената креативност уште и ја остваруваат И за секој непочнат сон отвораат нова страничка на интернет Ѓоа некому му е гајле што сонувале баш тие Па ќе тарашка по нивните непочнати соништа на интернет Јок џанам, многу бргу се разоткрија Распродавачите на селански соништа На градските плоштади
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција ѓоа на мостот на воздишките ќе ја сретнев калуѓерката од под чиј фустан Џакомо Казанова избега под друг фустан, оти за него бегството на слобода немаше никаква смисла без бревтање во зоната под фустаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ноќе зјапаме во небото некако нѐ мрзи да скокаме од ѕвезда на ѕвезда и ти како помлад ѓоа ме подучуваш дека нема рампи само на патот кон среќното минато.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ќе излезам ѓоа ќе шетам пред куќи и ќе му кажам што е работава...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ноќе зјапавме во небото скокавме во мислите од ѕвезда на ѕвезда и јас како постар ѓоа те подучував дека патот до среќната иднина е поплочен со светнати ѕвезди.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Многупати татко му го поучуваше со кротко, до колку знаеше сиромав Божин, и многу примери му носел ѓоа да се тргне Силјан од тој пусти ајљазлак.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Беснееше таа сѐ повеќе, ама ѓоа не знаеше кому попрво да му се одмазди за својата мака.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега сме тука кајшто сме талкајќи низ вековите се изнаслушавме врапчешки џивкања на соништата им стававме перници од теракота - ем црвени, ем вековити да бидат и така дојдовме до реката и тука научивме дека за да ја минеме реката сака да направиме мост и тука некој ѓоа во доверба ни шепна дека ако нема напред нема ни назад
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се накашла амамџијата Селим, ѓоа му запна залак в грло. Се стресе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Почнала лисицата некакви зборои да зборуа откај змијата, ѓоа за неа праото ќе ѝ го дава.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кучките сестри беше 'и викнала таа ѓоа да ѝ поможат за раѓачката, да ѝ сторат измет, и наместо измет пакос ѝ сториле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тие останаа суви како барут, ама запалени од лутина и бес, ѓоа крмаз и црвен пипер ги поросиле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Многу пати татко му го поучуаше со кротко, доколку знаеше сиромав Божин, и многу примери му носел ѓоа да се тргни Силјан од тој пусти ајљазлак.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Отидов кај волкот, ме прати кај лисицата; лисицата ѓоа можела да вади коска, и таа ме прати кај тебе и ти си му 'и вадела.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
музиката ти се топи в уво од малку стравче и потем жежее, жеже како тазе чајче додека не ги прежеже здодевните несреќници кои ѓоа пресметуваат колку вистински солзи има во езерцата на градината мохри колку се оддалечува од себе човек кога ќе почне да се враќа во изгубеното детство. општо е познато дека во секое детство има многу неиспилени јајца и има стари зданија престорени во вкочанета историја во детството има и товари јаболка нагризени од боговите под што се подразбираат и некои волнести батки од најблиското соседство а последно што се гледа на хоризонтот на детството е накривената капа на сѐ што било и сѐ што ќе биде.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Повеќе