ѓум (м.)

Стари, вудвосани жени од селото приоѓаат со стомни и ѓумови. Носат вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веќе почнува да се развиделува и нешто црно како ѓумче, како котле се покажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Левтерија носи ѓум и леѓен и му потура вода да си го замие лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брго-брго мајката го клала ѓумчето со ракија до огнот да се стопли, а Неда го донесла големиот стол, та го клала да седи Силјана; му ги собула опинците и му ги измила нозете и го променила со велигденската руба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Митра го истави грнето од огништето, го зеде ѓумот со вода и леанот па им тури да си ги измијат рацете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си ги наполнија ѓумовите и котолот и се вратија дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го зеде коритцето од под глава на Доста, го прибра и ѓумот со ладна вода, направи за прво капење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сакам сѐ да наполниш со вода, велам, и грнци и котли и ѓумови и леѓени. Жената пак носи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку што порано ја сакаше, сега триж по толку ја сакаше, а колку што опулот негов беше празен без нејзината убавина, толку душата му беше полна со меракот по неа, небаре меракот беше ѓум3 кој без престан се прелеваше под чепурот на севдата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По него трза калајџијата од Крушево што идеше да ни ги поднови тавите, тепсиите, ѓумовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка му дотурува од ѓумот... а тој срка густо запечен и лут грав, фрла в уста здиплени фелки леб...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чардакот од нивната богата куќа беше тесен за неа; бунарот во авлијата плиток за кофата што ’рѓосуваше во која таа влегуваше сосе калци; маштеницата не се пиеше инаку освен направо од ѓум, а бакарданот се шмукаше како да е сок од дренки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зарем мислите дека ова е селско корзо или одење на чешма по вода со стомне и ѓумче?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си го симна букарот, го остави на ред, а Доста ги остави ѓумовите и застана крај Митра, срамежливо, како што ѝ прилега на млада невеста и тоа јабанџика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Клокоти водата во ѓумчето обесено на ченгел.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Невестата Менка ја затопли тавата на огнот, го зеде ѓумот и леанот, им тури вода на рацете и ја кладе софрата да повечераат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѓумчето го полни со снег и го обесува на ченгелот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ме фаќаше тага. Понекогаш одев со ѓумчето и му потурував вода во грстот за да си фрли на лицето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе