ѕвечка (несв.)
И тогаш пак се чу ѕвечкањето на куршумите и желевцата, извадени од раните на борците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ѕвечкањето на пушката, која преку неговото рамо се допираше до редениците во ритамот на неговиот чекор, беше сосема поинакво од ѕвечкањето на металот кога ги редеше теговите на шипките во теретаната.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Некој стави паричка од пет центи во отворот на автоматот и утробата на џубоксот мина низ цела серија трескања, пред глас тивкиот и сладникав да почне да го смекнува ѕвечкањето на чиниите и посребрените предмети.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ни ѕвечкаат со куршумите и со желевцата, нѐ поздравуваат со своите одликувања.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Очите ѝ забележуваа сѐ, и сега таа ги слушаше вообичаените звуци, за кои обично не беше свесна - ѕвечкањето на ножовите и виљушките кога ги допираа чиниите, мласкањето на усните што џвакаа и клокотењето на виното додека го сипуваа во чашите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во паузите меѓу ритмот, гласовите однадвор наликуваа на ѕвецкање прибор и чукнување чаши на тој ист конак на кој, изгледа, некогаш се наоѓав и каде што, заради зачмаеност, секој посилен звук можеше да предизвика необјасниво големо возбудување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ѕвечкањето на коцките мраз во чашата во неговата рака го потсети дека повторно пребргу го испил пијалакот, пред да се стопи мразот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кога се служеше вечерата, само на едната половина од салата ѕвечкаа ножевите и виљушките, а на другата се јадеше само со раце, па немаше тропање.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ги мразам паричките што ми ѕвечкаат во џебот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
По него, ама за чекор, скоро рамно со него, одеше Геро како асистент - снимател, со камерата на рамо, небаре со прваче на кркач, а на папокот му ѕвечкаше синџирчето со клучето и ножето, како срмен пискул за џебен саат со капаче.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Женски, брачни, мајчински: децата можеби со подозрение ќе покажуваат кон таа несреќница и ќе зборуваат со глас што таа ќе го слушне; мачката пак има буви, тие ќе ни влезат во софата; сопственото лице делува замачкано, тоа е поради жештината; дали е вклучена ринглата под гравот? мрачната болест на машината за перење алишта може да се повтори - баботи при испирањето, а ѕвечка при перење; господи боже, веќе е единаесет часот; кој од вас загубил една каљача?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Таа мина низ кујната ѕвечкајќи со сребрениот прибор за јадење, удирајќи со тавите и разбивајќи ја тишината што дотогаш насекаде владееше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во десната рака, високо крената пред него, држеше клучеви и со нив ѕвечкаше.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се слушнало ѕвечкање и тропот на железо. Оковувале затвореници.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Неговите седумдесет години му ѕвечкале под кожата. За земјичката се пролева крв како во песните. Ја браниш и удираш. А тие, како ќе ја одбранат?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Шамијата на главата порабена со алтанчиња, и другата околу појасот, со други дрангулии што ѕвечкаа, му ги заплеткаа мислите на синот на Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тие долго чекаа, но тоа беше само треперење на кожите на нивните коњи како црни кадифени тамбурини на кои ѕвечкаат сребрените стремени меко, меко подвивајќи се.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)