ѕевгар (м.)
Неа ја знаат овчарите и по неа ги скориваат своите стада; неа ја знаат орачите и по неа ги спрегнуваат своите ѕевгари; неа ја знаат жетварите и по неа ставаат да ги зафатат долгите опашки на ушите подолгите слогови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Низ цевката можело ѕевгар волови да помине. Сосе кола натоварена сено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некои од луѓето ги ослободиле од јарем своите ѕевгари и веднаш попаѓале в длабок сон.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Колку сте со ѕевгар, колку со по едно воле? Пресметувале ожежени со сурова вистина, грешеле, по трето недоразбирање пребројувале: биле единаесет со ѕевгари и осумнаесет со по едно воле. Се сложиле во сметката и молкнале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сајната е целата направена од дрво и поставена на две страјници наместо тркала и така, натоварена со снопје или со сено, се влече од ѕевгар волови.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Место еден ѕевгар волови, Стале гледаше два, место за себе да носи вода, носеше за двајца.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие креваа камења од купот што ги растовари мустаклијата дојден со ѕевгар волови, и ги пренесуваа кон купот крај камбаната, од каде ги поземаа ѕидарите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- И јас сум без ѕевгар. Ако сакаш ќе се здружиме.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да, да, ќе изорам нива, ѕевгар ќе исхранам, бунар ќе ископам, бунар е сега најпотребен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како и патот на дружината: по секоја нагорнина им помагале на ослабените ѕевгари со бутање, тешко и убиствено, двоколка по двоколка искачувајќи преку дупки и камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Молкнаа. Сега и ловците, како и другите, стоеја пред своите двоколки со едно воле или со ѕевгар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И пак уште тројца не го продолжија патот: рамностапалчестиот Марко Марикин, песнопоецот Блаже Задгорец и Гидеон Кузмановски, првите двајца со по еден вол, вториот со ѕевгар: не можеа да ѝ го земат од јамка на смртта килавиот Јаков Иконописец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Без приговор од другите, Онисифор Проказник го определил здружувањето во ѕевгари.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Е, веќе во куќата почна да ни оди добро. Ние имавме многу волови, оравме со два–три ѕевгари, коњи, овци имавме петсто, молзници едно чудо, имавме и двајца момоци за работа, наши братучеди од Цапари, а подоцна со нас дојде да живее и нивниот татко, тој беше болен и сакаше тука да умре, при децата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И така дедот Стале веќе во првите петшест години од создзвањето на манастирот располагаше со чифлиг од 80 хектари најубава земја, со булук од седумосумстотини овци и кози, со сурчја од шеесетседумдесет говеда и коњи, со седумосумстотини овци и кози, со сурија од шеееетседумдеоет говеда и коњи, со седумосум ѕевгари волови, со стоипедеоетдвесте кошници пчели и стодвесте кокошки, врз сето тоа со седумосум души момоци како отец Арсенија на чифлигот од свети Горѓија во Метуите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)