јаболчица (ж.)
Внимателно ги собрав прстите напред и тие, со јаболчниците на предниот дел, формираа петтолисна детелина распослана на местото каде што започнуваше устинката со розова боја.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Веѓите му беа споени над долгиот орелски нос, а под нив живо му сјаеа црните очи, две длабоко всадени јагленчиња над неговите издадени јаболчници.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Всушност, слушав бои, мирисав бои, гледав звук и текстура како речиси директно чувство на допир со очните јаболчници или оптичкиот нерв.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Неговите јаболчици на образите сега се истакнуваа како глуждови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)