јава (несв.)

Ја гледаше јасно дупката во ѕидот, но не знаеше колку време јавал на куршум ниту кој го испратил на такво патување.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се слушна дека некој од партизанските големци го јава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Што беше тоа писание само мртовци да пренесува магарето. Само мртви да го јаваат децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Попладнето се покажаа офицерите јавајќи на коњите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се крстел јавајќи на несигурна гранка и ги гледал како што можел светец од височина да гледа куп ѓаволи со крмначки опаши.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Врнало па и преврнало. Огреало потоа сонце, па ги симнале пријателите наметките и продолжиле да јаваат понатаму.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потоа тој се качи и ми рече дека можам да јавам зад него.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Навлегуваш во музиката и патуваш. Јаваш на секој зрак светлина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
По одморот и појадокот кадијата издаде наредба еден од сејмените, што го познава добро патот и месноста, да излезе напред, а на друг му го даде коњот да го води, бидејќи на надолништето не се јаваше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Некои ја виделе како јава на крилест змеј над блиската клисура, слетувала крај водите и се вовлекувала во пукнатините на стените од каде, по неколку дни, исползувала како темно сива змија, долга и уплавна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не да јавам по патот, кој ми се гледаше премногу тесен и премногу рамен, туку скршнував лево и десно, го терав коњот да цапа низ реката и да се препиња, излегував од водата и пак влегував во неа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
После видов дека држи пороже и води натоварено магаре на кое качено, завиткано во гуна, јаваше едно дете.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Електрична метла што вештерките ја јаваат кога не смукаат нешто друго. (Може да ги исчисти дури и валканиците од вашата смрдлива душа.) Како и да е, си ја знае работата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Кога беа деца не беа јадни: јаваа дудови гранки и сонуваа вистински белец.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
10. ТАМАЌАРОТ И НА БОЛВАТА УЗДА Ѝ КЛАВА - зар посакува, итриот, нивите да му ги оре, колата да му ја влече или, пак, да ја јава и со неа да скока во кас де долу, де горе...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еден летен ден, јавајќи кон планината, коњот нешто ми се потплаши, се разрипа и од торбето ми испадна лебот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Наеднаш ми светна дека тој повеќе време јава наутро и ова утро дошол по мене само затоа што знае колку сакам да јавам. – Кој рече нешто за крадење на некаков коњ? – праша тој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Глигор беше останат последен и беше ја ставил ногата на узенгијата, да се качи на коњот што требаше Анѓеле да јава.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Повеќе