јагнешко (ср.)
Јас со мојата рака во борбите за правда и слобода имам заклано неколку дузини што мажи, што жени, што деца. И деца! И деца! Нема гозба без јагнешко.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Оти трпезата само се полни со јадења, јагнешко печено, дроб-сарма, тава со ориз, рогушки и смокви и што ти не.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)