јадро ср.
јадар прид.

јадро (ср.)

Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека на почетокот римските преторијанци биле империјални гарди, јаничарите уште од почетокот го формираа јадрото на воената сила и вршеа силно влијание врз другите војници наложувајќи им дисциплина и цврстина што им недостигала.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Средбата и односот на сексуалниот нагон и на нагонот на смртта во полето на уживање е јадро околу кое се формира значењето третирано во новата британска уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Решителниот плурализам го создава јадрото на постмодернистичките тенденции.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во библиотеката се наоѓаше јадрото на семејната тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тешко ѝ се доаѓа до јадрото...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од друга страна, настојувањето на „Стремеж“, секој автор чија книга ја објавува да ја придружи со негова размисла за неговиот сопствен опит, може да претставува, исто така, едно своевидно проширување на теоретскиот дијапазон, што ќе го зголеми нашето книжевно искуство, што ќе формулира од денешен аспект некои пунктови на нашите естетски стојалишта, и, што е од особено значење, - ќе ги открие, невидливите јадра од кои зрачи посебноста на приодот кон поезијата на современиот македонски автор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Џвакаше од сѐ уште меките и млечни јадра на оревот и на страните од устата му се фаќаше бело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Организирањето на вечерните училишта за Македонците печалбари, основањето на јадрото од коешто израсна Младата македонска книжовна дружина и остриот судар со бугарските власти на Стамболов, затворањето и потоа бегството во Македонија – зборуваат дека Груев навистина бил „во бројот на сепаратистите”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Хрватската илузија, дека фашистичкиот и комунистичкиот тоталитаризам се туѓо тело врз здравото хрватско народно јадро и дека најпосле оствареното владеење на народната волја автоматски е и измирување со злото од минатото и воедно исчекор во демократска иднина, има само една цел - потискување на вистината на тоталитаризмот, а со тоа и негова репродукција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Црни топченца - како јадро црно монисто - може ѓердан да нанижеш додека се меки, откако ќе се потсушат - игла не ги дупи!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој е единствен во својата способност да каже сѐ и сепак да го сочува своето јадро на неприкосновен интегритет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но уметноста којашто еднаш рефлектирала и пасивно претставувала апстрактни конвенции и примероци на знаење, сега активно и дословно претставува отелотворување на психичките рани, урбаната лудница и милитаризираната свест во кризата на јадрото на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Добро граденото јадро тело, горделиво подисправената глава на којашто косата непокорно и диво се виткаше и спушташе на кусиот јак врат, го привлекуваше вниманието на публиката и на судиите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наместо духовното јадро на градот, како силен цивилизациски придвижувач, да се негува и развива, традициите на континуиран радикализам ја уништуваа духовната димензија на поимот град, не дозволувајќи да се создадат институции на јавното мнение што се над политиката и секојдневните притисоци од интерес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во периодот од април до мај 1942 биле организирани јадрата на пет партизански одреди: Битолски, Скопски, Велешки, Прилепски и Крушевски, а до летото биле формирани уште четири одреди.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Зашто напорот да се одделат од традицијата ги доведувал до едно усвитено место од кое, ако ништо повеќе, можеле да го редуцираат товарот на формалните, манирските и рутинските, наследства и да дојдат, како до сопствено откровение, пак до јадрото и сублиматот на традицијата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Повеќе