јази (несв.)
Се јазев по скрките на ридот по снагата на животното со кое дружев во сонот а кога открив на преслапот лозје како да се качив на моето рамо.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Мирно е сега сѐ во пределот на моето око што почнува да лази по изгниените треви место да се јази по препетните лисја.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Се попрпелкав така и зедов да се јазам, да се драскам нагоре.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А рацете дур летаат и нозете се јазат кон сонцето на плодот кон семките што 'ртат долапот расте во ноќта на сништата што лазат и вика тој со гласот што чкрипи тропа и чкрта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Под прозорот се јазат уморено во собата познатите звуци на гитарата Тоа пак во дворот осамотен пее и вика да го придружиме стариот пријател наш Молчиме ние тој вика Молчиме сите тој пее:
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
„Таа е ...“) грлена и гласна, со распуштени коси и со подадени раце кон неговите раце; ќе се најдат и ќе се јазат по ѕвездена пајажина кон спокојство и тишина во која, најпосле, се разговара со очи и со допири.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Обогатени со видено умирање, гледале во огнот како во извор на животот, во црвено-жолтите кунатки со непрекинато јазење по усвитените гранки. Со мака ги држеле очите отворени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Будалесто лето: со малечката се нуркаа,собираа школки по песокот, се смееја пред фигуринките на голите танцувачки, шепотеа за делфините скриени во тајната одаја на миноската кралица, се јазеа по подјадената тврдина на Млетците или, со автомобилот, го сечеа островот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Методија од Стрелеско ја видел оддалеку како се јази угоре берејќи по некое цветче низ тревјето и му јавил на Симона.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Уште убаво ги распознава гласовите на своите дечиња, ги гледа како јазат по овошките и како ѝ принесуваат синолички што ги собираат по ридовите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ќе влечеш. Ако запне за некоја карпа, затегни го јажето и јази се по него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се јази кон високата прозрачност.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)