јарем м.

јарем (м.)

Сега ќе ти ставиме јарем и нема повеќе мрдање.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ама бикот ќе ја занишаше главата и ќе го истресеше венецот од роговите. Волот си е вол. Да разбираше повеќе не ќе влегуваше во јарем.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, за да се скроти неговата страотна дивост морало да постои поголема сила и од него што ќе го натера во јарем и ќе се движи по новата бразда.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јаремот на горчливата распеаност беше јак но гласовите влечеа секој на своја страна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нѐ гуши пет века…”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не му реков ништо, тој и не ми се обраќаше мене, само знаев дека ме донел на раце и ме оставил врз сламата на својата кола со едно воле, потоа им ги проврел главите на моите сиви близнаци низ јаремот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш некоја жена отиде во едно албанско село и таму си ги виде воловите впрегнати под јарем.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ги извлекоа главите од јаремот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ослободете го добитокот од јарем и потерајте го кон долон.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си згрнал народ под Гоцево знаме да стресеш ропство и темен гнет в народни срца запалил пламен да фрлат јарем султански клет.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Во јарем сум, од обете страни на мојот врат е постеван по еден тежок жегол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некои од луѓето ги ослободиле од јарем своите ѕевгари и веднаш попаѓале в длабок сон.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Две рала волови под јарем, коњ само за на свадби, за на панаѓури и за на пазар; седумдесет брави овци, четириесет брави кози, две крави молзници и двајца измеќари...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Впрегнати во јарем, влечеа кола на две тркала.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Приоѓа невидлив за другите и ме ослободува со допир од јаремот и од синџирите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И главата му ја најдовме пикната во јаремот, спрегнат. Го спрегна смртта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И во суровото Толево срце се разбуди нежност и тој не можеше да ја скрие пред благодарноста на младиот пратеник што дојде да го прибере овој суров човек и го впрегне во благородниот јарем за општото народно дело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Горе високо- долу длабоко а на средина јарем во кој аветот ја мами душата да влезе сосила, нудејќи и поубав престој... вожделно, страсно пламено.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Им објасни дека тоа ѝ го сторил светецот за да ја казни, зашто на некој од манастирските орачи кога подлегнал да преспие на нивата, му дошла таа и му го изела едниот вол; се исплашил тој и отрчал кај свети Наум и му кажал плачејќи; тој му рекол да се врати на нивата и таму ќе ја најде мечката впрегната во јарем.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По ѕидот на долни крај наколкани се колје, со куки и без куки, на кои се обесуваат секирите; направени се по две три камари во кои кокошките несат јајца, а на гредите во овој дел на куќата се фрлени разни алати: рала, јареми, косила, дршки за мотики, лопати, казми и ред други дрвени остени, ластагарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе