јаспис (м.)
Сѐ -
за малку млеч и полен
за прополис и густо проѕирен
леплив и лизгав јантар
амброзија и жолт јаспис
за твојот балсам на бесмртноста
за твојот сладок прелив на младоста
за драмата на творењето
за смолата на детството - разлеаниот сируп
или
сакаш недвосмислено да кажам:
за мед, мелиса!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)