јастреб м.
јастребов прид.

јастреб (м.)

Најпосле јастребот го исправи својот лет и се упати кон брестовата шумичка на ридот, носејќи ја во канџите својата жртва.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тогаш јастребот го грабна огромниот дијамант со своите остри канџи и летна низ темницата во насока кон гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Лета јастреб на летното небо под нечитливиот краснопис на зодијакот најпрвин во кругови широки и нагли како скришни помисли потем сѐ поситно, опсесивно запира на родното дно наспроти сѐ друго што и натаму се врти околу својата замислена оска.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сенката на јастребот паѓа кружно врз Земјата од која извираат води како забранети љубови а човекот ѝ се покорува на жедта и кога ја порекнува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Војната е како јастреб што ќе се спушти врз народот како врз јато кротки врапчиња и ќе ги разлета на сите страни...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога се одбила нечујно од небото на јастребот верна и на безмерноста та си можел да ја чувствуваш одсекаде а да не ја најдеш. На тој неземен миг сети се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Затоа не ја закача ни орел ни јастреб.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му се доближи но со бесен удар на крилото и со јаростен крик јастребот го отфрли далеку од себе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сите птици се споменати веќе. - Не верувам дека орелот и јастребот ѝ простуваат на сојката, тоа не верувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јастребот колваше како разулавен, колвајќи му ги рацете до раскрвавување на нежната кожа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И затоа не размислувам, на тоа што ме кочи, стравот од мене бега, летам во воздух, јастреб без милост, без непребол.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Жал му беше за невиното сиво гулапче што стана плен на јастребот, и ги стегаше песниците, заканувајќи му се на крвожедниот воздушен разбојник.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јастребот е твојот сомнеж, кој не смееш често да го будиш во себе, биди претпазлив со него, тој ќе биде кроток.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јастребот е твојот сомнеж во тебе, една од најопасните пречки на духовниот пат, грабливецот на човековата среќа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Врз месото, како брзокрили јастреби, ние се изнафрливме гладни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Старецот мирно го следеше. Јастребот на рамото на Еразмо не се ни помрдна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Нозете му се лизгаа по угорнината, непрекинато колван од клунот на јастребот, ги затвори ушите, за да не го слуша повикот на бикот Чако, препотен до гола кожа, бегаше, бегаше...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Улицата беше тивка и нема, долга и празна, само неговата сенка се движеше како сенката на јастребот низ полето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но, јастребот не го оставаше, се вртеше во круг околу него, крескајќи толку силно, што Еразмо пребледе, ја фрли вреќата и почна да бега – ни самиот не знаеше каде.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На знакот означен со свирка, јастребот изреагира првин со страв, но веднаш потоа, се одзва со посмирен крик, и почна со атерирање да се спушта, „кочејќи“ низ воздухот со долгите остри канџи, кон дното од гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе