јурисдикција ж.

јурисдикција (ж.)

Потоа хомосексуалците фатија да објаснуваат дека тие не ни бараат право на црковен, ами на граѓански брак - што не спаѓа под јурисдикција на мистер Бог.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Пред османлиското освојување на Македонија нејзината територија духовно припаѓала под јурисдикцијата на три автокефални цркви.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 28. 2. 1870 година, со царски ферман од грчката Патријаршија беше издвоена една посебна верска јурисдикција - бугарската егзархија кон која, за да се заштитат од насилството од грчкото духовништво и за свој автономен духовен и културен развој, многу славјански општини се приклучија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Под јурисдикција на Охридската архиепископија со седиште во Охрид се наоѓале поголемиот дел од македонските епархии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Османлиската власт била толерантна спрема Охридската архиепископија и допуштала таа во духовен поглед да се самоуправува, а притоа барајќи лојалност од неа и од православното население под нејзина јурисдикција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Цариградската патријаршија ја задржала својата јурисдикција над југоисточните македонски епархии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие ја зазедоа речиси целата територија на Албанија, оставајќи го само триаголникот Валона- Лушњ- Берат, под јуриздикција на Албанија.
„Граница“ од Луан Старова