љубов (ж.)

Дали сѐ уште од љубов или само од жал?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сплетки на љубов, чувства и омраза низ меридијаните на мисловниот распон.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Помини на мостот од љубовта неродена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Љубовта не зборува. Љубовта е нема.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Девојки млади со пастуви стари љубовта тука се купува со пари на лудиот камен спремни да стапнат ја губат и честа за станче да лапнат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Живеј си со народот во мир и љубов. Од земја сме и пак земја ќе станеме! Поминот е најдобрата работа, тоа ќе ни остане.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сите жени на светот со добра среќа ги поздравуваат првите штркови, зашто им носат љубов и среќа!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И покрај сите обврски дома и на работа, тој не престануваше да размислува што да направи, кој да биде следниот чекор кон повторно доближување кон Томаица, давање знак дека тој не се откажува така лесно, дека ќе направи сѐ нивната љубов да продолжи да живее.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој поглед во кој е измешана есенцијата на љубовта и страста вечно ќе пламни во тие горди очи кои горат во крвавиот залез на недопрениот хоризонт кој ги поврзува небото и морето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во занесот и сладоста ко пијани бевме зошто пеевме песни за искрена љубов и во врелоста горевме двата ко огнови силни
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Однадвор беше посакувана жена во која се загледуваа и оние кои сѐ уште не ја беа совладале азбуката на љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И иако знаеше дека сето тоа се бесмислици и дека взаемната љубов на мајка ѝ и на татко ѝ нема никаква врска со болеста и со умирачката, сепак тие три години му беше лута.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не според стилот на епохата туку според изливите, внатрешните релјефи на гестот-ерес временски ќе се сместува меѓу XIX и XX век отприлика почетокот на нашата взаемна љубов: грешките се допуштени ако за грешка може да се смета она кое ги надминува границите ако воопшто од животот можеме да го избркаме чудесното, волшебното магиското.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Му пресуди на агрономот и го плати тоа со ново страдање не толку од љубов кон мене, туку затоа што е правичен човек и се плашел дека правдата нема да го стигне агрономот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јас сакам вода и водата сака мене нашата љубов е взаемна ѝ земам ме зема.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А од секое пенџере се виори бело знаме од завесите, луфтираат по платената љубов и чат-пат ќе излезе некој во долна маица на некој перваз и ќе плукне одозгора.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги спуштам усните врз студен мрамор заплеткани токови на животот диви предели без љубов...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
3. Распосли си го окото - мојата љубов сака да патува мојата љубов сака да залута да се врати, да нѐ спаси мојата љубов сака Во предградието на твоето око трепките си поигруваат есен, отвори, патникот кој чука е љубовта ќе влезе за да побегнеме од времето меѓу градите отсекогаш сум носела виделина окото твое отсекогаш ме барало мене - разбуди го, ноќва како на сон те сакам, погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе