ќесе ср.

ќесе (ср.)

Еднодушно го одобрија планот сите и веќе секој пајдос и по два пати се враќаа во клозетите со по едно ќесе земја врзано за учкурот од гаќите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Извади пари од нејзиното ќесиче за да им даде мал бакшиш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќесето со каменчиња и со школките при преселбите некаде исчезна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
После извади едно писмо и едно ќесе со пари.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од врата излегуваше како фурија, а старицата мавташе по него со ќесето со сендвичот полн со марула.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Уште со видело фатија метериз во камењето над патот и ги видоа сите пазарџии како ги бркаат добиците, што побргу да го поминат ова страшно место, ако не сакаат да останат без ќесиња и без добици, а може некој и без глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од пазуварката го извади ќесето, свитка цигара од тутунот измешан со тревки и коренчиња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш извадил од пазувите едно кожено ќесе го отворил и почнал да брои на трпезата жолтици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите тие подаваа пари со трепетливи раце а по некои мрдаа со усните божем читаа молитва. Црвената капа отежна као ќесе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го одврзаа ќесето, а сега им е жал за парите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кај потпорниот ѕид над кој се издига Планинарскиот дом Шесте чешми во еден контејнер ги изпразнија ќесите исполнети со отпадоци собрани патем - искачувајќи се по рекреативната патека.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош. Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На селаните им се видоа сомнителни овие луѓе. – Сигурно не гледаат да ни ги оберат ќесенцата вечер по Слива – рече еден од старците, кога се оддалечија од нив агите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вечерта дојдоа гости и му донесоа на Зоки ќесе карамели.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Го зедов ќесето со чевлите, истрчав по улицата и во првата темнина ги фрлив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми смета што комшиите ми ги бројат ќесите кога се враќам од Тинекс; кога црни коли со црни стакла се паркираат у трава или пред Ристиќева; кога не можам да отидам на базен у зима, пошто некој шапшал не платил нешто; кога не можам да се отарасам од бубашвабите, пошто комшијата од седми немал 80 динара.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се разбира, не можев да знам дали е тоа истата ќеса и истите хартии од онаа средба пред подолго време или пак ми го враќа она издание голем формат со документи и патописи, покрај другото и оној извештај на Византиецот Теодор Метохит од тринаесеттиот век за пратеништвото на српскиот двор, што бев му го дал за читање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Света земјичка од Исусовиот гроб во ќесе од кожа, се сеќаваш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и стручњаците сакаа да разговараат со него, го сметаа за иницијатор, за интелигентен, за исклучително симпатичен, сѐ додека не ги отрезнеше шокот по неговата операција за олеснување на ќесето, зашто тој не пустошеше само кај роднините, туку своите подмолни замки ги поставуваше секаде каде што му се чинеше дека ќе има полза од тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе