ќотек м.

ќотек (м.)

И страв и ќотек и овие автомати и пушки и пушкомитралезот на Зоја ѝ го даде, не мислејќи дали кутрото девојче ќе може да го носи на своите слабички девојчински раменца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас сум тој што го јаде ќотекот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Арамијата пак молбата на татка го налутила, па му удриле и ќотек.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Или ќе ги забереа пред пушка и ќе ги отераа во џандармериските станици во Алинци или Тополчани, или во Прилеп или во Битола, ќе ги држеа во тамошните затвори неколку дена, неколку недели или неколку месеци и кога ќе ги пуштеа да си дојдат дома, си доаѓаа посинети од ќотек и со искршени ребра, раце и колена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со еден збор ним не можам да им наштетам, а мене пак, заради не извршување на граѓанската должност и прикривање на заговори и неодговорно критизирање на власта не може а да не ми следува сѐ она што им претходи на овбинувањата: притвор, ќотек, а може да се случи и попатно поврзување со некое од обвиненијата што тежат неколку месеци зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќотекот просто беше неизбежен.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Луѓето тежат кон ропство, кон сивило, кон смрт. Луѓето бараат само леб и сол и по можност да не јадат ќотек.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава каде што ќе му се згодеше. Со плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на сретселото останаа само тепаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние го одболуваме ќотекот - рече постариот и ја подигна кошулата. Плеќите му беа модри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некои лежеа за борч по деведесет дена најмногу, други за ќотек, трети за кражба, четврти за убиства.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
и полковиот му рече освобождавам те од обвинението, откако го ислуша, за петнаесет дена ќе добиеш и решение, и Ристе се тргна, отпоздрави и се тргна, и одат после други, и којзнае што ме дупна и мене, и јас ќе одам ќе прашам, што ќе стане со Македонија, велам, Македонија е долга и широка, ми вели полковиот, и за Македонија одговор сега нема, одговорот е во вас, во сичките нас, благодарам, му велам, коњите се тепаат, а магарето го јаде ќотекот, покорно благодарја, велам, и как се казваш, Мирче Мегленов и ме запиша, мајчето негово, и после ротниот секаде мене ме праќа: во извидници, кај што студи, кај што е калливо, кај што главата ти е пред куршум, и еднаш со Стевана нѐ пратија кај окопите англиски, 124
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Речиси никогаш не плачеа ниту за време, ниту по ќотекот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Па најпосле не сум ни јас од последните. Сум минал и јас в затвор еден ден, ќотек јадов, ме запишаа во црната книга.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По неколку месеци, откако го заборави ќотекот, започна да зборува низ селото, да кажува за ѓаволот, за натемагото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Толку ме налути, што изеде убав ќотек со суровица. Ама сега ми вели дека ти си ја сакал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие, Италијанците, де, веднаш го зграпчија и пред сите селани, собрани на вигната, го посраа од ќотрек...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се тепаат за Трајка, се тепаат преку Трајка и Трајко најмногу си го јаде ќотекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе