ќурдија ж.

ќурдија (ж.)

Тетин Доне ја разгрна ќурдијата, ги поткрена клашите, едната ја испружи крај софрето натаму, а по коленото од другата се удри.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И тој се изненади: - Јас мислев питачи идат, а тоа наши луѓе дошле, - рече тетин Доне врзан со пороже околу појасот преку ќурдијата, и со истата онаа донесена паларија што ја имал од времето, со мустаци чии влакна секогаш стоеја наежено.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го китеше на Велигден со разни китки од предено; му сплете и убави шарени калци; му ја навеза ќурдијата; му ја чешлаше дури и косата претставувајќи си го секогаш своето братче Ѓелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пане пак е ситничар. Но и без тие ситни работи не може да се замисли свадба. Мониста, прстење, скопчиња за ќурдиите на зетот. Што не треба?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ете шо се дава: едно рало калци, после чорапи, ванела, ќурдиа, па дури и кошула, ама за сефте баре калци. — И, да ѝ ослепа, едно рало калци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Која волна, која чорапи, гаќи, ќурдија, дури и по некоја сакма, а ете, некоја сиромашка фрлила писана кошула, — алова, „старавинската", а некоја пак грабено детинско кошулче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)