џанам чест.

џанам (чест.)

— Најпосле си заклучи и си вели со умот: „Се виде, таа, џанум; тој ќе биде, крив, слеп“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Новите лесноумни петпари не даваат За старите поговорки Тие секоја гунгула ја нарекуваат креативност Потем така наречената креативност уште и ја остваруваат И за секој непочнат сон отвораат нова страничка на интернет Ѓоа некому му е гајле што сонувале баш тие Па ќе тарашка по нивните непочнати соништа на интернет Јок џанам, многу бргу се разоткрија Распродавачите на селански соништа На градските плоштади
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
АНА: Ќе појдам, џанам, туку се премислив, зошто да викам од комшииве кога сега ќе дојдат жетварките и со некоја од нив ќе појдам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Не џанам... Ами мајка ми кога ме роди прво на вакво столе ме стави да ме завие, да не ме става на земја.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Убаво сте ја свршиле, џанум! Мошне убаво! Токму тоа и се бараше од вас да ја растурите Организацијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толку години живејте на мојот земја, вака ли бре џанум, дотука ли донесовте работата?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
– Е, заслужи едно галење, џанам – ѝ рече кадијата и почна да ја гали по косата и лицето, па се наведе и нејзе ѝ залепи една целувка меѓу веѓите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овие голи селани? Оваа покорна раја? Не џанам!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Црква ќе прајте. Да прајте, џанам, ама со ум.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
КЕВА: Знам, џанам, ама оди ти кажи му и докажи му нему!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Не џанум. Ако има некого да лажа, ќе лажа јабанџии, не вас, моите родители. Ич за тоа гајле не берите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како, џанум, не ќе су идел? Збор ли е тоа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе отпиеше од пагурчето, ќе ја подзабришеше устата Ване и ќе почнеше: - Џанам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По малку време пак излегол и му рекол: - Кажи ми, џабам (џанам), од шчо имаш мака?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Марко воздивна: „Колај работа за умирање, џанам, ама што оној народ од апсаните сургун ќе оди?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Е, е, е! Се разбра таа, џанум! Сакаат да му го наметнат на Толета пак јаремот од нивната организација, ама на! — изговори Толе подругливо и го удри кундакот од манлихерката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си велам: „Готово е! така ти е! Тоа е катастрофа, џанам!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Миша Сукалова можеше три-четири сповојници да бере секоа година, та за Илковица да не може“ Не, џанам. Тоа кабул Митра не го прави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Фроса поведува песна Кате и Паре ја придружуваат) Ќе те граби, џанам, ќе те граби со дебрани, аман, со дебрани, Со дебрани, ќерко, Со дебрани и мокрани!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Ама и Илко не паѓа по долу, џанам, — пак се кажа Велика, и испушти една незабележителна воздишка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе