џандар м.
џандарски прид.

џандар (м.)

Сме виделе попови и џандари, и писари и весникари, како него. Сиктер, бре!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ќе видиме дали си виновен или не си - му одговори џандарот и му ги врза лисиците.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Некои шарени жени само вртат со опашките и се укаат со џандарите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кога доаѓаа џандарите и војниците со тоа нѐ тепаа... - Да, точно е.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За да се извади албум требаше да се потроши време, труд, нерви и многу пари за откако сам ќе го издадеш да те начека џандар на улица и со само една казна за неносење каиш да ти отиде целата заработка од албумот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ама мене ме изеде јанѕа уште кога тргна кај џандарите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седејќи Јонче во своето собче со шкорче го палеше новото џојнтче на врата трипати заѕвони ѕвонче кога ќе види џандарот Томче
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Да ги гледаш белите коленици на перачките, џандарите на прошетка што застануваат покрај нив, да ги гледаш војските – кој без капа кој без колан кога се враќаат дома од насока на гробиштата, од насока на оние безброј бигорни крстови врз кои колваат некои црни птици...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се чу дека сите мажи кои немале работа во Србија, дошле за џандари кај нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Два века сте биле ајдути и џандари.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Проклетници е пожелен за швалери па сѐ до кројачи на завери од робови, снобови и попови до џандари, инспектори и лопови
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тоа беше причина џандарите да најдат нови жртви за тормозење, а Метакот конечно да здивне.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Џандарите се држало на државата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дојдоа и други џандари. Кај да поминеш на џандар ќе се наспичиш, на трн магарешки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Џандарите ги отвораат устите, ко инки, тураат ракија и мене ми ја удираат замбата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беа само двајца џандари. Под нивните чекори подот во ходникот речиси потонуваше од чкртање, а тие веќе влегуваа во вратата на младиот Брат. Го одведоа, уште веднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Слободата на движење од полноќ до сабајле скоро секогаш беше нарушувана од џандари у цивил кои хараа по скотските улици, но никогаш немаа мадиња да навлезат во пограничните скотски села каде наголемо се продаваа сите видови дрога.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Чако фрла загребиње и ги прилајува џандарите, јас го карам кучето и им велам: не ве познава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од другата соба пејат другите џандари. Пијано време.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе