џбун (м.)
Уште не е заборавен снегот а славеите веќе се натпреваруваат во дворот По ружите по џбунките по маслинката.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Но пените на пролетта од светлоста навеани се топат и гинат во тревата под која земјата расте и над нив сега се вее зелената џбунка на небото што го навестува родот донесен во сведенот на ветрот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Зеленилото се уплеткало, шума, џбунови, високи треви, го криеја гробот. Никој не можеше да го пронајде. Си заминаа... за Кочани.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ниски исушени џбунки високи голи гранки и меѓу нив ситното лисје на зелениката како детски прсти очи на пролетта што истрајува на горскиот студ.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И наеднаш пред уште дождот да капне во пресрет му идат и лисјето и земјата и птицата изгубена во жбунот и здивот мој заборавен во тремот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Половина час возење со подземната железница; од станицата сврти лево; два километра по патот; порта на која ѝ недостасува горната попречна греда; патека низ полето; патче обраснато со трева; патека меѓу џбунови; кутнато суво дрво обраснато во мов.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Девојката го прескокна и ги разгрна џбуновите, меѓу кои како да немаше пат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Овен, мислеше. Обичен овен, запиша во својата свест. Зарад роговите и густиот џбун над чело.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но, онаа нежност без размислување, што ја чувствуваше под лесковиот џбун, додека го слушаше пеењето на дроздот, не му се врати сосем.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Пријатен појадок! - му довикна Полжавот и се упати кон соседниот џбун.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
2. Натаму од Неделска Вода, околу наоколу по должината на целиот гребен на Потковица, некаде и на падините, под осамена оскруша, под осамен глог, или под осамен џбун од диви рози, сѐ до нејзиниот крај, односно сѐ до почетокот на источниот лак, се таат Средочна Вода, Топла Вода, Киселец и многу други знаменити или безимени води кои служат за поило на луѓето, на добитокот и дивината.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ане остана во дворот да ги чепка цветовите на џбуновите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Одиме! Прескокнувајќи џбунови, паднати дрвја, грмушки, за десетина минути се најдоа пред колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Набргу се најдоа сред една група од испокинати безлисни џбунови, бескорисни било како засолниште, било како заштита од ветрот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Чичкото со џбунови по лицето, кога сме сами, ми се жали дека неговиот братучед, татко ми, требало повеќе да го почитува.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А палавиот зрак потскокна, ги мирисна уште еднаш белите трендафили и се изгуби некаде меѓу џбунчињата од рибизли.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)