џигер м.
џигерче ср.

џигер (м.)

Жената која лежеше на креветот до нејзиниот, модра како џигер и со одвај триесетина килограми сѐ уште лелекаше и офкаше од болки, а мајка ми која не ми ни дозволи да ѝ помогнам да се преоблече дента кога ја донесов, лежеше мртва.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Му врвел куршумот и му забиоѓал и срце и џигери и сплинка и бубрези. Сите дробови му ги забидел и му излегол под плешката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А да му речам: оти крвта си ја пиеш, оти џигерите и умот си ги пиеш, не знам како ќе ме разбере.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ми се дроби срцето, ми се кинат џигерите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се испразни сета тежина што ме тераше на болвање, што ми ги кинеше џигерите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дервишите излезени од циркускиот плакат танцуваат во истиот пустински предел, во кој раздразнетата толпа се граба за крвавата слезинка, џигер, бубрези, изгнасени од прав и мравки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лекарот кој едно двапати го прегледа рече дека нешто му ги јаде џигерите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Џигерите, златното срце да му го вадиш, милите очи, кожинката да му ја дереш!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Може од мене бега, вели, и после слушам некоја свиња ми ричка, вели, ми копа и ми грофта, Овдека вака, вели, ќе ми ги ископа џигерите, срцето, сплинката. Дупка ќе ми ископа на градиве, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се вовре во грлото, ми се лизна во душникот, ми ги наполни џигерите, ме бутна во вителот, а вителот во вирот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А џигерите ми останаа во рингот. Дека едно време тренирав бокс... во „мува“ категорија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Може да е во џигерите, во срцето, во сплинката, вели, кај што грофта свињата, кај што пее петлето, вели, којзнае каде е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Освен, се разбира, и лековите, аналгините, диуретиците, витамините и седативите, кои сам си ги препишуваше и ги голташе со грстови, за главата, за срцето, за џигерот, за желудникот, за нервите, со што ќе најдеше во чашата - од вода до вино преку ракија - борејќи се против несоница, депресија и безволие, воопшто од безизлез.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Замолчи веќе еднаш и стави нешто за јадење на масава. Оној воз ми ги растресе џигериве.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Усните му беа бузлести, влажни, како џигер посинети и со некоја растегливост поради која час оставаше впечаток на човек со шарм, на ведро небо на кое сепак се појавуваа секавици што оддаваа опасно зол човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ми се тресат рамењата, џигерите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Спласнатиот џеб ми го натекол џигерот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Му помагаше жена му на Мил, а Кала се врткаше крај огнот во дворот, и кога Дукле ќе извадеше нешто од утробата на прасето (џигер, срце, бубрег, сплина) Кала го грабеше и го фрлаше на огнот да го печи; од нестрпливост и лакомост ги џвакаше уште недопечени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не е веќе оној Пецо. Ракијата му ги изгорела џигерите. Лежи и вика, добога се слуша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Зошто дозволи, море мажу, да го направат џигер Дука, му велам на Јона, како дозволи толку да го тепаат, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе