џиновски прид.

џиновски (прид.)

Разбирливо можев да претппоставам дека околу џиновскиот морков во таа зима се насобрале зајаци од сите краишта на Европа или само од скараните балкански земји.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Џиновски беше тој страв и ужасно темна беше таа ноќ околу нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бев сигурен: сонцето виси на синџир и ноќе се крие од страв пред џиновски лилјаци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледај, рече дрвеното лежиште, и тој виде: џиновски стебла во златноцрвени облеки го држат небото на своите плешки и полека се ослободуваат од својот мртов товар; сончевите млазови бавно ги погребуваат лисјето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ѕирка во мене одгоре, како да лежам во некој сандак, или во џиновски куфер, или на колор фотографијата на средната станица на шарениот журнал, добредојден да се скуси здодевното патување со празен воз.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Застана крај отворениот прозорец и се загледа со влажен и набожен поглед во ноќта: куќните покриви беа подвиткани `рбети на џиновски мачки, скаменети во своето вечно демнење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Татко добро знаеше дека големите идеи кои зачнуваа во главите врз погрешни основи од смели поединци, како на пример, во главата на научникот Лисенко, со идејата да создаде џиновско јаболко или зрно жито, можеа во доменот на свеста, на пример, идејата да се истера Бог од душите на луѓето, да се отстрани самото верување на луѓето, можеше да биде проследена со несогледливи последици.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И умираше во густ бамбусов сплет под тешки шепи на џиновски тигар додека над него раснеа небото и восхитениот шепот на африканските ѕвезди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но каква смисла можеше да има оваа споредба можеше да се види подоцна кога ги открив во Сиди Дауд туноловците со древната матанѕа кои со инстинктивен нагон за владеење со големи метални прачки до бесвест ги убиваа заробените џиновски туни, чија мазна синосребреникава кожа стануваше црвена од крвта која ја менуваше бојата на морето во делот притеснет за масакрот?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја поткренав малку главата и видов од колата едноличност – невисоки ридишта во далечина што личеа на џиновски желки, жолти и голи, без сенки под себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во твоето малечко исплашено срце се раздвижува џиновски бран.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А над нив блеска големо око, позлатен жолток од џиновско јајце; удира дожд: веќе нема луѓе и нема живот, сонцето се гасне, утре ќе е парче прегорен јаглен во темница без волчи завивања и без љубовни воздишки во која заглибила лагата на верувањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со палецот и показалецот Милан предизвика распрсканата прскалка да се расцути во џиновско утринско славење, кое наскоро се кондензира во млаз, а потоа повторно се расцути во нежен воден прав.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И двете нозе беа достатно дебели за да можат да го крепат и носат ова џиновско тело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Експанзијата на брендовите продолжува на автобусите и такси возилата, кои се претвораат во подвижни реклами, „развозувајќи ги патниците наоколу во џиновски чоколади и гуми за џвакање, исто како што Хилфигер и Поло ја претворија облеката во бренд билборди за носење“. 124
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Петре го виде тогаш панаѓурот сметен божем од некаква џиновска метла, а тезгите и редиците сермии претворени во долги миндери со најшарени шари.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И така, борејќи се со џиновскиот лист хартија, на крај лидерот успеа да излезе од нејзиниот вртлог, т.е. фишек, а за тоа му беше потпомогнала и луцидната идеја, која во нивните обичаи и верувања го заменуваше светиот дух од христијанството.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Далеку, зад или над планините, татнат ви сивилото копита на невидливи џиновски коњи, молснува под нив за миг остра белина...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не ти дадоа тебе да видиш зашто порасна со црни очи-две џиновски мрави на земјата под Небото; Не ти даваат ни тебе да видиш зашто живееш меѓу убијци на инсекти.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Повеќе