џинс (м.)
По повеќекратно чукање ни отвори девојка облечена во летна проѕирна горна кошула и многу тесни сини џинси.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Панталоните од џинс биле идеални бидејќи тешко се кинеле, лете во нив не било претопло, зиме не било престудено, имале долгогодишен рок на употреба, а покрај сето тоа изгледале добро кога по многу перења ќе го добиеле својот славен испрано-блед имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Одеднаш, младите ширум светот носат џинс и ја слушаат Џон Леноновата „Дајте му шанса на мирот“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пред парот застанува еден одвратен силос во маица и џинс, истрижен на нула.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)