џитка (несв.)
Лист по лист грам по грам во муграта видов нов наркоман од темни зори трава тој витка до бели мугри жарчиња џитка
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Фрлам зрнца пченка позади мене. На земја ги џиткам.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Посакуваш да гледаш без престан
убаво и само убаво
помислата на грдото те џитка
- и таа - во очај.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Младен стрпливо се приближуваше до дното на бокалчето џиткајќи ги чашите како во бунар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сето време со него надолу се тркалаа многу огромни карпи, што ги џиткаше по удолницата онаа разјарена ѕверка, а камчиштата се заиверуваа во стеблата и просвируваа здробени околу него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Џитка дванаес метара, има позиционо, шес брзини напред, две рикверц, конекција за АјПод, церада за да не те дува, греачи за руки...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Го испуштам стариот... Во еден скок... се џиткам врз Хортансиштето!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
- Змија, џитка. Ногата му е поцрнета. Слушаш ли, побратиме, си стапнал зломорница. - Тој веќе не те слуша.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)