џумбуш (м.)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Го најде како го најде, го фати како го фати, го донесе дома со голем џумбус.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
2. Тодора беше едно азган чедо. Родена најмала, меѓу девет сестри и еден брат, го правеше последниот детски џумбус низ куќата, и баш во време кога сите домашни беа научиле тоа да го трпат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога ќе дојдеш, со мураќип ќе ја типосаме таа работа, а тељаљот ќе објави низ народот. Голем џумбус ќе направиме!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
АРСО: Ама џумбуш, ама тарапана! Ваква веселба во Скопје ниту имало, ниту ќе има! (Му шепнува нешто на Поцко.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Би сакал бурата да направи уште поголем џумбуш, крововите да се урнат, пролетта веќе да не се врати, да исчезне нашата куќа.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Никакво чудо не е. Ѓаволот, ни ора, ни копа, со луѓето џумбус си прави.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Проба петнаесет илјади звуци, огромен џумбуш, но јас бладав побрзо од неа, ја изебав, ја заебав на „финиш“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
- Е овдека што џумбуш сме ти сториле есенеска со две скопјанчиња, пак студенти, - расправаше тој.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)