џунџуле (ср.)
Дома беше и џунџулето и опојниот мирис на црвениот трендафил врз чии лисје зората секогаш оставаше капки роса...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од земја ние имавме едни урупчиња по селото во кои садевме по некоја пиперка и по некој домат, трошка празе и граше и босилок и џинџуле колку да се најде за на мртовец и девојките да стават на плачките на благ ден.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Сите, и старците, и бабите, и децата беа закитени со кивчиња од џунџуле и босилек, ги носеа на капите, на дартмите, во косите над десното уво, на облеката на градите, а чупите на главите носеа венчиња од малиново дрво и полски каранфили и во рацете црвени рози.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од под нејзините стреа засекогаш одлетаа ластовиците и ветерот презаситен со чад, далеку го однесе мирисот на џунџулето и босилокот што толку многу ги имаше во дворот... Пусто... Запустено...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сум минала низ дворот наш. Мириса босилек и џунџуле.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
А џунџулињата ние ги садевме. Не бараат специјална почва. Таму, од оние купишта зедовме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тука биле ниви и бавчи од селото Лисиче. Земјата била плодна, значи добра и за нашиве џунџулиња.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се садеше што не се посадило, или се додаваше на тоа што веќе беше посадено - уште некоја леа пипер, четири реда патлиџан, два трапа барбуња, едно парче големо колку да се растркала магаре, крастајчиња, блиску пред куќата жените ги садеа или ги пренесуваа веќе порано посадените џунџулиња, пркоси, париња, сивци, гербери.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Најнакрај самата одлучи: „Јас ќе ја нацртам нашата зграда и пред влезот многу жолти џунџулиња!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Босилокот и невенчињата се исушени. Ама џунџулето - како жарка цути.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ластовиците се превртуваа низ воздухот. Пчелите летаа по цвеќињата, џунџулињата, чацриките, тиквинките.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)