На второто му веруваа повеќемина, а верував и јас зашто тоа ѝ прилегаше на Кијмет, зашто така и на такво место можев да ја замислам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во втората му беше полесно и понатаму сѐ полесно и полесно, зашто гласот за тоа што нарачува тој се расчу низ цело село додека тој уште немаше минато ни десетина куќи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Заборавив да спомнам, Милошевски носеше два белега од минатото: едниот го беше задржал самиот тој, мислам на брадичето, а вториот му го беше сочувала можеби и наспроти неговата волја онаа позната човечка навика, да го паметиме она на кое еднаш веќе сме навикнале, а него прилично време го викаа попе.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еве на пример, младиот Лен Вајсмен: две години помлад од мене, има три филма исто ко мене, својот прв филм го снимал кога јас сум го снимал својот последен... само што неговиот прв филм е мега-хит, вториот му е уште повеќе мега-хит, а неговиот последен филм е супермега- хит!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)