Првото и второто дете, неумејќи да се снајдат бараат врата по чардакот и си ги подаваат главите од прозорците.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Најубава куќа со многу соби, со ходник, со чешма и со клозет! - ликуваше второто дете.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Откога седна на софрата до мутесарифот Абдула-бег во Нерези, толку капата ја накриви, што и кога ја натрти да ѝ прави второ дете, семето го пушташе во нејзиниот бунар одвисоко, небаре молзено млеко за страдна душа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во меѓувреме, овде е и второто дете, кое ја следи целава неподносливо напната атмосфера во домот, па, сакало-неќело, прифаќа и рефлектира од она што го поприма во домашната средина.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Се разделивме и само толку знам за моето второ дете, а за сите три – ништо...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)