Камилски најпрвин ги извлече од речниците заемките за означување поголеми или помали градови како: касаба (со потекло од арапски, casaba), заемка присутна во сите балкански јазици); паланка (од унгарско потекло во турскиот).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски потоа утврди дека од урбаните средини влијанието се распространува и во руралните предели каде што турските лексички елементи ќе влегуваат од втора рака, но и натаму дури и до денешни дни ќе се чувствува нивното присуство и влијание.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Сакам од втора рака подобро да го запознаам мојот пријател доктор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Даглас ги слушаше коментарите што беа во тек, најчесто статистики од втора рака, а Ливајн отсутно климаше со главата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Бевме посматрачи: парадата веќе беше одмината, а ние сѐ добивавме од втора рака, бевме конзументи на сѐ она што медиумите од тоа време ни го сервираа.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Таа можеби го видела мечето со закрпена рака, но нејзината приказна беше од „втора рака“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И речениците, мои и на дедо Павле, што толку вживеано ги цитираше, беа од „втора рака“, чуени, па прераскажани.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Чинго многу порано можел да дојде во контакт со прозата на Чехов одошто со Бабел та нема основа да ѝ се даде предимство на претпоставката дека и тој суптилен чувствен тек во неговата проза дошол од втора рака и не како директен навев.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Беше четири часот кога и втората рака му се измени. Сето тоа прилегаше на треска, зараза, вирус.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)