Фоте се прекина токму навреме, кога се фати втората риба - иста како првата, како да беа близначки. („Имаат ли рибите близначки? ”, се праша Боге; но место да си одговори, претпостави: „Сега и за оваа ќе рече дека е за мезе, ама за вторите чашки”.) Но Фоте ништо не рече, можеби и не помисли.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)