Втората стихозбирка на Милчо Мисоски со наслов “Записки“ доаѓа по повеќе од две децении од објавувањето на првата (“Чекајќи го ангелот“, 1991), не за да побуди сомневања во цврстината на врската меѓу авторот и книжевноста, туку напротив, да сведочи за неговиот сериозен однос кон она што вообичаено се нарекува творечки растеж и зреење.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)