Сосем механички, отворајќи ги мигновено очите, тој посегна да ја земе книгата, но тогаш последува вториот удар, а и коњот го бувна и тој се испружи целиот, удирајќи со лицето в цименто.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Нарушувањето на Берлинскиот договор и стамболовскиот режим крстени „самостојна национална” политика на Бугарија, на тоа политичко, каприциозно, неполнолетно недоносче, е втор удар за политичката слобода на Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дури по вториот удар на екранот се појавија молњи кои ја сечеа правата линија. - Добро е! Се враќа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Долу, го дочекаа стивнувањето на гласовите и го довлекоа гробот до реката, која блескаше покрај.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Капакот летна по вториот удар - дедо Васја седна во гробот во свечениот црн костим, крчеше со устата без половина заби.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Почувствува како вториот удар беше целосен. Директорот падна на земја.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сѐ можел да се заколнеш дека од првото исправање на нозе и со неисушена капка мајчинско млеко на усните се вежбал само за една одбрана и за еден ден, за тоа смирување на попладнето исполнето со топлина и со брчење на златни бубачки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Домаќинот и вториот удар на камшикот го издржа без да отстапи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Управувајќи го коњот да се движи во круг и засолнувајќи се со танчарски движења ту под неговата глава ту зад неговиот врат од левата страна, еднаш со брзи потскокнувања, другпат скоро со коленици до земја, го избегнал и вториот удар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Кажувај, реим ти е душата.“ Стана. Потоа: „Нема што да кажам. Старчево ја украло пушката.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)