А сега снегот воопшто не врнеше и Змејко можеше многу добро да си го замислува тој грамаден сам крмак, тоа ѕвере со по два заба, вкопани напред во белината, со една огромна снага, по чии скокови земјата сета татне, како се пробива во мугрите низ неговата долина, споро, плавно и без скршнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Трепетливите ковчести прсти му се смирија, лицето му се развлече во сонлива насмевка: мустаќите му се поткренаа малку и ги открија двата заба во модрината на устата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ја отворил колку што можел побезболно за онаа болна коска, удрена со по два заба од двете страни и распукната од ударот, и за она крвјосано и искинато црно месо по сета таа нога.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе речете можеби: „Ух, баба како бака! Со очила и со два заба!“
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)