Пелагија молкна. По двата образа мокри бразди.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Нека ви е честито и да се ќердосате! се посегна и ја целува во двата образа. Грмна и од други усти Нека им е честито!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„Зарем не гледаш колку те сакам?“ му рече милно земајќи му ги двата образи во своите скоро горешти дланки и потпикувајќи се во него како да го посакува како никогаш порано.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Теткин, теткин, теткин, - го бацува во двата образа младата жена.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Последни на Деспина ѝ честитаа зетот Михали и Милка, тетките Сава и Танаска редејќи подароци врз нејзините рамена, помалите сестри Митана, Василка и Елеонора ја прегрнуваа и ја бакнуваа, а кога пред неа застана мајката Роса, Деспина се наведна и ѝ бакна десна рака при што малечките очиња на Пела забележаа како нешто се префрли од дланката на баба Роса во дланката на дада Деспина, ама и објаснувањето дојде од устата на баба Роса која со растреперен глас надвладеа над вревата Ва лирта, мајкина, у р′кта ми а стави мојта мајка а у нејнта нејнта мајка на ваков ден за срејќа зравје и ск′па љубов! и сега она се посегна и ја избакна ќерка си во двата образа измешувајќи си ги истовремено и солзите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
XLI Климент Камилски се врати дома радосен, ја бакна својата сопруга во двата образа, ја прегрна силно, а тоа ретко, многу ретко го чинеше откако се врати од Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)