Како глава на бројното семејство Буколовац, Трајко бил и чувар на амблемата – магарешка глава со ѕвезда на чело, а испод глава полегнати на во косо две секири и два долги ножа, сето тоа исцртано на одбранбен штит, кој го носеле пред себе нашите предци.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На Паљо лицето му се издолжи, под расечената горна усна двата долги заба влажно светнаа; ја извлече бубачката од левиот џеб на закрпените панталони и болно застенка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Одеа молкум помеѓу два долги и бели ѕида со многу месингани кваки и гледаа само пред себе, и самите тихи како тишината наоколу.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)