Двајца мажи влегуваат во гробот, кој нема како денешниве рамно дно, туку на дното на гробот ископана е правоаголна дупка, нешто како гроб во гроб, и во неа го положуваат стрика Анѓела, откако пред тоа го подземаат од други двајца кои им го подаваат завиткан во веленце.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како што јас така помислив така едни двајца кои личеа на гробарите што ме запретуваа, ме грабаа за мишки и ми се стопорија – едниот со срп, другиот со чекан.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Првата средба меѓу Марија и Хелвиг, попладнето, личеше на средба на двајца кои мораат да комуницираат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Нека остане незапишано така, како што останаа незапишани имињата на тие двајца кои ми замрзнаа во снегот на таа голема кривина пред превалот на Ќафасан...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тоа е игра на двајца кои не си веруваат па сепак во играта не се служат со измами.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Командантот му се обрати на својот курир: - Оди доведи два коња и нека дојдат уште двајца кои генералот ќе го пратат до... - сакаше да каже до границата, ама брзо се сети и доврши: - до одредиштето...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)