двајца (бр.) - Турчин (имн.)

Им даде ишарет на двајцата Турци што седеа дотогаш молчејќи, и кои рекоа на одење само „аирли олсун”, и прв се витоса низ порта како ветер, та портата се заниша и закрцка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со дозвола на Лука Џеров, кој во тие денови кога другите раководители се наоѓале на Конгресот во Смилево раководел со организационите работи во Битола, двајца членови од десетината на Ристе Самарџијата грабнале две пушки оставени во еден ан од двајца Турци и тргнале да бегаат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дојде и амамџијата Селим, со уште двајца Турци, пријатели на ибн Пајко од чаршијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Една вечер, до куќарката на Турците дојдоа двајца Турци со силни фенери.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)