Додуша, нивните интервјуа делуваат како паради на лоботомизирани изјави коишто навистина не можат лесно да ги достигнат ниту двајцата браќа од групата Оасис.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Инаку, ако судиме по интервјуата браќата Чепмен во ликовната уметност се она што браќата Галагер се во поп-музиката, иако нивните критичари повеќе ги гледаат како Бивис и Батхед на уметничката сцена.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Татко ми беше од многу бедна фамилија со седум деца, пет сестри и двајца браќа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Учителот ни раскажуваше дека него го посадиле двајца браќа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А тоа било вака: на овој простор каде што е селово во старо време се населиле двајца браќа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И покрај влажноста, двајцата браќа продолжија да работат.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Двајцата браќа се погледнаа со прикриена насмевка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
За сето време на појадокот, сè додека двајцата браќа не станаа да одат на работа, Милан и Кети не престанаа да зборуваат, како што се плашеа дека, ако не го прават тоа, нешто недобредојдено ќе се случи во тој миг.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сега и двајцата браќа слегоа долу исто облечени, во темножолти кошули и панталони од памучно платно.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пролетното сонце беше топло и тоа ја натера девојката да остане таму и да гледа како двајцата браќа работат на ѕидот од нејзината идна куќа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Преводот на Салтиков-Шчедрин, М. Ј. е извршен според изданието на „Историја на еден град“, Москва, 1989 година.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Козма Прутков - потроена личност во руската литература, легендарен раководител на Палатата за мерки, руски пандан на англиското Министерство за смешно одење, псевдоним, зад кого се сокриваат двајца браќа и еден братучед, А. и В. Жемчужникови и гр. А. Толстој.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Дека била станицата српска, и дека железничарите, Русите и Неделко Акиноски, на кого Србите во Првното србско, зашто не сакаа да служат војници кај нив, му убија двајца браќа, близнаците Ордана и Цветана, биле посрбени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оздола идат двајца партизани, Стојна - Стојанка тио ги пита: „Ој вие двајца браќа партизани, дал He видовте моето братче, моето братче, младо партизанче?“
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Поканила девера си да ручат, а тој одрекол велееќи: „Коа бидуало така: јас да руча без брат ми, коа тој ми се вети, оти ќе ручаме заедно?“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ќе ја кажувам приказната за двајца браќа. Едниот бил богат, едниот сиромав.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
БРАТ БРАТА НЕ РАНИТ, ТЕШКО МУ КОЈ ГО НЕМАТ Двата браќа
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Си биле двајца браќа: еднио богат, другиот сиромав. Сиромајот му жниел на брата си на нива со надница.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Едно време си биле двајца браќа. Дури бил жив татко им, работиле по негоата поела: кој одел на чифлик, кој со офци.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И сега тие двајцата браќа, сиромавиот и богатиот, живееле.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И тогај пак ќелешо 'и помолил за тој да ја варди јаболкницата, арно ама двајцата браќа не го остаија и другата вечер отишол постреднио брат да вардит, арно ама и тој беше заспал и ламјата тогаш беше дошла и искинала јаболката.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Треќата вечер многу беше му се тоарил ќелешо на двајцата браќа за тој да одит да вардит јаболката.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ја ќе појда денеска на лоф и на брата ми му рекоф, оти ќе си дојда за ручек; ама саде ти да знаеш, оти ја не ќе си дојда за ручек; а ти ќе испечеш едно јагне, ќе му туреш внатре отруачка и, на голем ручек, ќе ставиш софрата и ќе го поканиш брат ми да ручат.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Првин умреа Јанкуле и Богоја, од Ристевци. Двајца браќа беа. Се спружија и умреа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Љупчо се фаќаше себе си како посакува никогаш да не тргнеше на факултет и да останеше да ја работи земјата како генерации негови предци пред него, како и неговите двајца браќа и едната сестра, кои останаа на татковата земја.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
„Знам дека се двајца браќа; и двајцата имаат стекнато углед во пишувањето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Добрила беше мајка, а јас ќерка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ќе ја кажам накусо содржината: Имав двајца браќа, едниот, Јордан, отиде во партизани, а потоа и другиот се подготвуваше да оди.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Беа двајца браќа и наместо да земат две куќи како што им следуваше, тие направија грешка, зедоа само една заедничка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ако ибн Тајко чувствуваваше еден вид сожалување за неговите двајца браќа во Блатието, Илми чувствуваше сожалување спрема него, зашто кога ќе му понудеше да му отфикари барем еден преден черек од овенот што му беше најблизу, а овој ќе го одбиеше, иако тој ден баш се погодило, ќе го пофалеше, да има најубаво месо во чаршијата, тој само ќе заклатеше глава:
„Тешекур едерам, ибн Тајко, ама зошто сепак не правиме пазар?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Татко ми и двајца браќа биле сосечени на Беласица...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Татко ми и двајцата браќа негови, моите чичковци, биле заминати во една далечна поморија - од која не се вратиле.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Како и мама тргнало накај Беласица да си ги бара своите - татко и двајца браќа - таму сосечени.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Си ги кажуваа за прв пат отворено, како двајца браќа по судбина, мотивите зошто се препуштија на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Едниот почна да рецитира: „Караорман и Славеј Планина, двајца браќа, два лути ајдуци!“
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Си имав двајца браќа: дури беа слепи, ми беа мили: откако се опулија - ми се одмилија?” „Дупнати чевли!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се случувало двајца браќа едниот католик, другиот муслиман да живеат сложно под ист покрив.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Моите двајца браќа беа помали од мене.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)