Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По патот по кој дошле се враќале кон Кукулино три запреги со двајца мртовци и еден жив човек; Васко Тушев никогаш не чекорел толку подгрбавен: бил, ако се врати во Кукулино - децата ќе му се израдуваат, ако го пречекаат грмежи на арамиски кубури - не ќе биде, веќе е избришан од дружината, и не ќе го спомене никој ни во пцост ни во молитва.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)