- Поттурни го кон мене, - вели пискуљот, - на две да го расцепам на белки кога ќе биде двајца ќе може да основа и Црвен крст.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И затоа, нова шанса сега ќе му дадам: кој од нив двајцата ќе ја реши загатката со натписот од одајата источна, тој ќе го заслужи името пресветло – Писмородец.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Наместо со нејзиниот глас и нејзината насмевка ти си во придружба со грдите животинки на осаменоста за кои велиш дека таа ти ги оставила во наследство.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но што ќе се случи откако помеѓу вас двајцата ќе лежат натрупани толку многу лопати земја?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Така и двајцата ќе си го добиеме она што го сакаме.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Го дигаше на раце и го враќаше назад и тогаш за едно извесно време и двајцата ќе беа задоволни и заздишени, а срнчето продолжуваше да го прогонува и да му ги лиже прстите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Она негово морничаво искачување по угорницата можеше да биде само едно просто изменување со еден друг, што ќе чекори напред, и сега тие двајца ќе можеа да си бидат в село.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега беа тројца во оваа собичка, а само по малку двајцата ќе си заминат по тој врнеж, а едниот ќе остане тука сосема сам среде таа дивина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Значи ли тоа дека за тој ден и двајцата ќе си имаме свои изненадувања?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога децата ќе се заиграат помеѓу себе, тогаш и ние двајцата ќе можеме да се придружиме на трпезата да принесеме уште нешто, пред да ја изнесеме најголемата тава што специјално за нас ја печеа грнчарите дури во Велес.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Погледни ги, спијат со насмевка.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Жеро Жерав му се врати на својот пријател Водомар, зошто поверува дека овие двајца ќе те водат кон целта место него.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
„Кога двајца ќе решат да создадат семејство треба да се познаваат, да има веќе љубов меѓу нив бидејќи таа љубов ќе им дава сила да ги истраат сите искушенија во иднината. Сѐ друго е осудено на пропаст!
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ме погледна низ полузатворени клепки и знаев дека ја совладуваат чувствата и дека можеби токму во тој миг ќе ми ги подземе рацете, ќе ме повлече и дека двајцата ќе полетаме за, конечно, да ја прелетаме оваа долга, бескрајна ноќ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ќе ве чекам. Со добра мисла двајцата ќе ве чекам.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ја ѕидаа со прекини: кога ќе зафатеа дождови, лошо време, снег, или кога едниот од нив или двајцата ќе се разболеа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ете тогаш тој и вресна - дословно паметам: почекајте, ќе се вратам и двајцата ќе ве дотепам!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Третиот ум настанува кога двајца ќе седнат заедно и ќе почнат да пишуваат.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Подобро жива да ти се нарадувам. Инаку на гробишта двајцата ќе нѐ каниш...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
БОЖАНА: Од вујко ти Вангел.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Чорбаџиите се групираат по четворица и прават едно бачило осумстотини, илјада молзници; двајцата ќе бидат молзничари, а двајцата — јаловари.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Судбината сакаше првин да му се восхитувам на пријателот, при што се обидувам да му бидам достоен ученик, а потоа да ја имам среќата да дознаам (на 10 марt) дека ние двајцата ќе споделиме иста дипломатска кариера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таман двајца ќе се фатат заедно, ете го третиот трча одзади со нож.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тоа значеше дека некој од ниа двајцата ќе треба да ја земе Бреза од градинката.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Откако ќе ги изгаснат сијалиците во нашите соби и ќе ни речат „Пријатно“, ние двајцата ќе побараме да ни донесат вода за пиење...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)