Меѓутоа, последните две децении од минатиот век, Солун доста брзо растел, така што горната бројка не може да биде реална.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И покрај напредокот на науката и технологијата и нивните оптимистички ветувања за убавиот нов свет, кадешто ќе работат машини наместо луѓе, во 1993 година во развиените западни општества живеат во сиромаштија повеќе деца отколку пред две децении.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Метафора само „резил, сакн и јазк“ за оној што има можност две децении да одлучува.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Во истата година, по неколку месеци откако Његош ја создава првата печатница во Црна Гора (четири столетија и две децении по отпечатувањето на Гутенберговата Библија), Џемс Гордон ја изненадува Америка со дневниот весник New York Tribune, големиот врсник на непознатите Новине хорватске на Људевит Гај.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговото заземање за доброто, посебно на неговото родно место и на луѓето што живеат таму, трае веќе цели две децении.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Малку пред или по вториот Нобелов роденден, во илјада осумстотини триесет и петтата година, завршува гимназија Карл Маркс и Лермонтов им ја подава на рускиот човек и на светот Маскарада.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)