две (бр.) - дечиња (имн.)

Одново бродиш – а неа нигде ќе ја нема И сѐ што ќе видиш пред да оземјиш, пред да онебееш Ќе биде сликата: Си играат две дечиња заборавени крај водата сина Едното уште кружи – другото се вика Разделина.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ги држи двете дечиња за рачињата, се срамува да ги погледне, очите само право за да не се чакнат со тие четири искрички тука покрај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пред нив клечат нивните две дечиња, едното поголемо, другото помало, со капчиња од весници на главата како Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во таа куќа имало и две дечиња, едното машко, другото девојче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)