Така купувањето коза го поставуваше меѓу две зла.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ама, во осаменоста, додека очајно чекаш нешто да ти се „деси“, две прилики можат да бидат и две зла.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Заборавот памти
на свој начин
и барем
не може
да му се префрли
дека нема
стил.
Меѓу две зла
Што ако животот ти е даден
да бираш меѓу две зла
и да го одбираш секогаш
- поголемото?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)