Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Денот фати суснежен дожд и ни дадоа долги гаќи, нови чорапи и по две цигари. Јас оти не пијам тутун, цигарите им ги дадов на Витомир и на Гошета Љубин. По една на секој.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)