Што можело да се случува во тие девет векови и не ли било време севдето на претпоставките да про'рти?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но таква светлост народецот на вилаетов не познавал и не мислел или не се надевал дека ќе дојде еднаш, дека ќе шурне незапирливо од море или ќе се спушти од планински врв да ги облагороди со утеха и тревите и луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јас се чешлав пред огледало Плашејќи се од забраната да го допрам Прашањето за сирачињата Што минале низ оваа соба Во деветте дена испишани Во историјата на деветте века.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)