девет (бр.) - муза (имн.)

1.3 Од девет планински венци Ми шепотат деветте музи на Зевс А мене ми студи Во деветте симетрични круга На Пеколот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Прв пеан: Прв сон Глас: Времето запре за миг... сред мрачната темнина со девет агли... со песните на деветте музи: Пиерови ќерки... овде во преубавата Македонија, за сите, па и за гатачите, се поднамести Македонија во ноќта под црните магли... да ги прераспореди сенките на тврдините свои: така да стојат!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)