На деветнаесет години изумил рачна граната што била усвоена од Министерствто на мирот и која, на своето прво испробување, убила триесет и еден евразиски затвореник во една единствена експлозија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тогаш не бев многу свесна, имав само деветнаесет години.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Смешно, зарем не. Сега сите тие луѓе кои на деветнаесет години ги служев кафе, виски, им менував пепници (меѓу кои беше и тогашниот претседател), ми го враќаа кафето зошто немало доволно пена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Кога имав деветнаесет години, си купив еден коњ.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Арсо немаше сили да ги презре своите деветнаесет години за да помогне со своето жртвување да се најде смислата на вистинската среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само штуриот епилог на еден толку убав сон што им даваше смисла на неговите деветнаесет години.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го сретнав твојот школски другар Ристо и тој се замонашил на деветнаесет години.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
После неколку години се вработив како професор по литература во Универзитетот на Северна Аризона и за време на првиот семестар таму ја напишав првата верзија на “Каде што работам”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
--- На деветнаесет години се вработив во една фабрика за фармерки, и таму останав три дена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како шивачка бев катастрофална, не можев да сошијам ни еден прав шев.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Расказот се роди како порој на емоции, како што приказните се раѓаат кога чувствата и зборовите се во синхронија. . .
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)