XVIII И.И., задолжен за муслиманскиот павилјон, нѐ очекуваше свеж и орен да ја дополни лекцијата на Атеистичкиот музеј за муслиманската вера која имала најмногу верници меѓу Албанците, макар што католичката беше најстара, со своите дваесетина века постоење, потоа православната со десетте века постоење, а муслиманската неполни шест векови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во Париз во 1999 година како врв на добрата волја и разбирање на Франција, под иницијатива на претседателот Жак Ширак во познатите средновековни музеи на Клини, близу до Сорбона, беше организирана Изложба Десет века уметност на почвата на Македонија, на чие отворање се најдоа и претседателите на републиките на двете земји.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Тоа е испосничка ќелија која во стената ја изрежал и издлабил првиот искушеник и првиот пустиножител пред десет века.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)